Не сака да слушне за зборот „Македонија“: Грчката опозиција бара оставка од Каменос

Грчката опозициска партија Нова Демократија побра оставка од министерот за одбрана Панос Каменос поради зделка со Саудиска Арабија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Тој воедно е и еден од главните противници во решението на спорот со нашата земја да се содржи зборот „Македонија“.

Нова Демократија обвинува дека Каменос потпишал договор со сомнителен трговец со оружје вредна 66 милиони евра за продажба на авионски ракети и бомби.

Според опозициската партија, зделката веќе предизвикала реакција на армиската правна служба, поради нетранспарентниот начин на кој била потпишана, но министерот Каменос наводно наредил апсење на офицерот кој укажал на проблематичниот договор.

Нова Демократија бара одговорност да понесе и премиерот Алексис Ципрас, од кого опозицијата бара итно да го смени министерот за одбрана