Нов лидер на „Листа српска“ Горан Ракиќ

Градоначалникот на северниот дел на Косовска Митровица, Горан Ракиќ, е новиот лидер на партијата „Листа српска“.

Ваква одлука денеска донесе Собранието на оваа српска партија на Косово, пишува електронското издание на приштинскот весник „Експрес“.

Највисокиот орган на партијата, Собранието, за генерален секретар на партијата го избра Зоран Мојсиловиќ, инаку, избран пратеник на предвремените парламентарни избори, што на Косово се одржаа на 11 јуни.

Од десетте загарантирани пратенички места за српската етничка заедница, оваа партија на изборите обезбеди девет.

Досегашен претседател на „Листа Српска“ беше Славко Симиќ, кој сега е потпретседател на партијата.