Нова жртва од поларниот бран во Србија

zima

Ледениот бран во Србија однесе неколку животи, па надлежните во Србија советуваат да не се излегува надвор без потреба.

Во село во близина на Пожаревац како последица на смрзнување починал 79 годишен маж.

Вонредна ситуација е прогласена во 13 општини. Завеани се голем број села, евакуирани 139 лица, а 73 возила биле извлечени откако се завеани на патиштата.