Околу 500 мигранти од Лезбос ќе бидат преместени на воен брод

Инциденти Лезбос мигранти

Околу 500 бегалци и мигранти од кампот Морија ќе бидат преместени на грчкиот воен брод „Лезбос“, кој е прикотвен во пристаништето Митилена на островот Лезбос за да се заштитат од неповолните временски услови.

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, оваа одлука ја донеле грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за миграциска политика Јанис Музалас.

Префрлањето на мигрантите и бегалците ќе почне во попладневните часови