Протести на Косово и во Албанија за подршка на Рамуш Харадинај

Стотици косовски Албанци се собраа на протести во градовите Ѓаковица и Гнилане за поддршка на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој беше уапсен во Франција по барање на Србија, а по обвинение за воени злосторства.

Демонстрантите побараа итно ослободување и истакнаа дека „Харадинај е симбол на Косово“.

Тие ги споредија српските власти и премиерот Александар Вучиќ со властите од времето на Слободан Милошевиќ.

„Вучиќ=Милошевиќ“ – пишуваше на еден од транспарентите на протестот во Ѓаковица.

На протестите главно учествуваа поранешни војници од „Ослободителната војска на Косово“.

Протест за поддршка на Харадинај беше организиран денеска и во Тирана.