Разочаран: Тачи не верува дека ЕУ ќе им даде визна либерализација

Косовскиот претседател Хашим Тачи не верува дека ќе има визна либерализација за косовските граѓани дури и ако биде ратификуван договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
– И доколку ја ратификуваме демаркацијата во Парламентот, повторно ќе имаме предизвици со овој состав на Европската комисија, бидејќи не е фокусиран на Косово, изјави Тачи.

Тој во интервју за „Дојче веле“ ја обвини Европска унија за дискриминаторски и срамен пристап
кон Косово.

– Во моментот ЕУ има дискриминаторски пристап кон граѓаните на Косово, затоа побаравме овој пристап да се смени. Ставот на ЕУ е апсурдна и срамна позиција во односот со граѓаните на Косово и неговите институции. Ние бараме да бидеме третирани идентично со другите земји од регионот, а не да има двојни критеруми, посочи Тачи.

Тој додаде дека е свесен оти без да биде ратификуван договорот за демаркацијата на
косовско-црногорската граница нема визна либерализација, но повторно овој кртериум