Република Српска одбележува 25 години од постоењето

Република Српска денеска го одбележува 9-ти јануари, Денот на републиката или одбележување на 25 години од постоењето. По тој повод беа построени членовите на третиот пешадиски полк на Република Српска, а во текот на вчерашниот ден, највисоките претставници на автономниот ентитет, положија венци за паднатите борци.

Овој датум беше одбран пред неколку месеци кога граѓаните на Република Српска излегоа на референдум и позитивно одговорија на прашањето дали поддржуваат 9-ти јануари да се слави како Ден на републиката.

На овој датум во 1992-та година во Сараево беше прогласено постоењето на републиката на српскиот народ во Босна и Херцеговина како федерална единица на Југославија.