Румен Радев: Денеска демократијата ја победи апатијата

Денеска демократијата ја победи апатијата и најмногу стравот, изјави кусо пред новинарите поранешниот генерал Румен Радев, кој победи на претседателските избори во Бугарија.

На прашањето дали е ова победа за Румен Радев или Бугарската социјалистичка партија, тој рече дека е „победа за бугарскиот народ“.