„Сикорски“ вреди 65 милиони долари: Ердоган го чуваше хеликоптер кој не може да биде срушен

Претседателот на Турција за време на посетата на Србија отиде и во Нови Пазар каде живее голема турска заедница.За таа цел беа преземени големи безбедносни мерки поради страв од терористички напад предизвикан од приврзаници на неговиот политички противник Фетула Ѓулен.

Тој во Нови Пазар беше однесен со два хеликоптери „сикорски“ кој чини 65 милиони долари и кои биле донесени од воената база во Анкара.Покрај тоа, за време на кусиот престој на Ердоган била затворена административната граница со Косово.