Српската полиција уапси мигрант за напад со нож врз момче од Шид

Српската полиција во Шид уапси 35-годишен мигрант за кој постои основано сомневање дека во текот на ноќта, по кратка расправа, со нож нанел тешки повреди опасни по живот на 27-годишно момче од Шид.

Повреденото момче е хоспитализирано во Медицинскиот центар во Сремска Митровица, соопшти Танјуг.

На мигрантот е утврден 48-часовен притвор по што, со кривична пријава за убиство во обид, ќе биде изнесен пред јавно обвинителство во Сремска Митровица.