Судири пред Универзитетот во Атина

Пред грчкиот Национален технички универзитет во Атина денеска избија тешки судири.

Грчката новинска агенција АНА-МПА наведува дека непознати напаѓачи фрлале молотови коктели и други предмети кон припадниците на интервентната полиција и ги палеле контејнерите.

Се наведува дека никој не е повреден, а полицијата покрена истрага.