Тахири: Почекајте не сте виделе се уште ништо

Поранешниот албански министер за надворешни работи Саимир Тахири, кој е осомничен за вмешаност во шверц на марихуана од Албанја за Италија, попладнево излегувајќи од својот дом даде куса изјава околу актуелната ситуација со скандалот со шверц на наркотици во земјата.

– Почекајте, не сте виделе се уште ништо, изјави Тахири, чии зборови медиумите ги окарактеризираа како закана до алабнскиот премиер Еди Рама.

По барање на Јавното обвинителството за тешки кривични дела, на Тахири му е одземана патната исправа, а се очекува да му биде одземен и пратеничкиот мандат.

Конечно доцна попладнево преку својот профил на Фејсбук се јави и премиерот Рама, кој оцени дека „неговиот најуспешен министер завршува зад решетки поради тешки обвинувања“.

-Посакувам Саимир да докаже дека нема никаква поврзаност со оваа криминална историја. Но, сакам тоа да го дознаам од светлото на вистината, а тоа светло го немам ниту јас, ниту владата, ниту партијата, туку само парводуството кое треба да ни го расветли оваа крстосница меѓу зборови и докази. До крај. напиша Рама.

Како што дознаваат медумите од извор на Обвинтелството, со истрагта, освен Тахири опфатен е и генералниот секретар на албанската Влада, како и на други функционери од врвот на полиција.