Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Егејското Море, соопшти американскиот Институт за геофизика.

Епицентарот на потресот бил на островите Споради, во близина на островот Евбеја.

Нема информации за жртви.