Вулин-Шојгу: Србија и Русија внимателно ги чуваат посебните односи

Министрите за одбрана на Србија и на Русија, Александар Вулин и Сергеј Шојгул на денешната средба истакнаа дека Белград и Москва внимателно ги градат и чуваат посебните односи.

– Во најтешките моменти на нашата и вашата историја ние бевме на иста страна. Тоа е она што останува запамтено, тоа е тоа што ја определува иднината. Затоа ние немаме право да бидеме помалку храбри од нашите претци. Вие знаете дека Србија е воено неутрална земја, но за да би била воено неутрална и воено самостојна таа мора да биде и војнички силна. Затоа вашата помош ни е неизмерно важна, истакна Вулин.

Министерот Шојгу се заблагодари на поканата на Вулин за заедно да го чествуваат Денот на ослободување на Белград.

– Се надевам дека авионите ќе бидат сигурен штит и гарант на безбедноста и независноста на Србија, посочи Шојгу.