Руско МНР: Заев сака да се претстави како жртва

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова смета дека изјавите на премиерот Зоран Заев дека Русија му подготвува атентат се неосоновани, сакајќи тој да се претстави како жртва.

Според неа, тврдењата на Заев служат прикривање на забрзаното вовлекување на балканската држава во Атлантската алијанса.

-Изјавите како таа на македонскиот премиер Зоран Заев се штетни за руско-македонските односи и се во спротивност со декларираната подготвеност на Скопје да промовира конструктивни врски со нашата земја-напиша Захарова на Твитер.