Се повеќе Косовци се враќаат од воените подрачја

Косовската Влада стравува од Косовците, кои се враќаат од воените подрачја на Блискиот Исток и на нив гледа како на можни извршители на терористички напади.

– И покрај фактот што терористичките групи ја губат контролата и територијата во конфликтните зони, идеолошки и натаму имаат поддршка во други држави, вклучувајќи го и регионот, се наведува во антитерористичката стратегијата на косовската Влада за периодот 2018-2022 година, чии делови пренесува „Коха“.

Натаму во стратегијата се вели дека Косово се соочува со закана од луѓе кои се вратиле од конфликтните зони и од оние кои биле вклучени во терористички активности.

– Како што видовме во многу случаи низ цела Европа, радикализираните поединци можат да извршат екстремно насилство врз нациите и институциите во своите земји, така што не можеме да ја отфрлиме можноста од терористички напад и во Косово, стои во стратегијата на косовската Влада