Активиран вулкан во Јапонија

Во југозападна Јапонија се активира вулкан првпат после шест години, и ги покри со пепел околните села.

Јапонската телевизија ТБС објави видео снимки од ученици кои се штитат од пепел со шлемови и маски додека одат кон училиште во подножјето на вулканот Шинмоедаке.

Телевизијата објави дека од кратерот на вулканот била исфрлена пепел на висина од 1.700 метри која паднала врз најмалку четири села во префектурата Мијаѕаки.