Алфонсо Дастис: Пуџдемон може да се бори на избори ако тогаш не биде во затвор

Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис изјави денеска дека сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон теоретски може да биде кандидат на каталонската Европска демократска партија на изборите на 21 декември, „доколку во тој период не биде в затвор“.

Дастис не ја исклучува можноста Каталонија, по завршувањето на актуелната криза, да добие поширика автономија.