Бартомеу: Барселона сака да продолжи да игра во шпанската Лига

Каталонскиот народ не може да ги прифати мерките на шпанската Влада за распуштање на регионалните власти во Каталонија и за распишување на избори во регионот, изјави вечерва каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон.

Во обраќање до граѓаните на Каталонија, Пуџдемон побара одржување седница на каталонскиот Парламент на која би се расправало за мерките што ги презема Владата во Мадрид, кои практично значат суспензија на каталонската автономија.

– Со ваквите потези Владата во Мадрид не го почитува владеењето на правото, порача Пуџдемон.