Берлин се надева дека изборот на Трамп не е крај за ТТИП

Договорот за слободна трговија за кои преговараат Европската Унија и САД не е мртов и покрај тоа што нов претседател на Америка е републиканскиот кандидат Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Запрашан дали „Трансалталнското трговско и инвестициско партнерство“ (ТТИП) е мртво Шајберт н апрес конференција во германската влада одговори негативно. Зајберт не објасни како во иднина ќе течат преговорите со админстрацијата на Трамп кој во кампањата најави дека освен што е против ТТИП ќе го преиспита и функционалниот договор за слободна трговија на САД со Мексико и Канада (НАФТА).

Според изјавите на Трамп во кампањата тој е против  трговски договори затоа што со тоа се губат работни места во Америка.