ТРАМП ПРЕД ПОБЕДА: Досега освои 201 места во Изборниот колеџ, а Клинтон – 190

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 216 место во Изборниот колеџ, а неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон сега победи и во Колорадо и Калифорнија, па бројката се зголеми 197, јави Си-Ен-Ен врз основа на проекциите од првичните резултати од претседателските избори во САД.

Трамп има водство и во Северна Каролина, Мичиген, Њу Хемпшир, Висконсин, Аризона, Џорџија, Ајова, Невада и Јута, додека Клинтон води во Пенсилванија и е пред победа во Вирџинија.

Доколку успее да ја задржи предноста, Доналд Трамп ќе стане претседател на САД.