БРАЗИЛ: Полицијата пресече интернационален синџир на дрога

Во акција на бразилската полиција утрово е разбиен интернационален синџир на дрога, преку кој, според проценките, само минатата година биле испорачани шест тони кокаин во Европа.

Повеќе од 800 полицијаци во Сао Паоло учествуваа во акциите за апсење на 127 лица и спроведоа 190 налози за претрес. Најголем дел од уапсените се од Сао Паоло, но имало и од други бразилски градови.

– Истрагата почна во 2016 година, откако бразилската полиција и американската Агенција за борба против наркотици спречија пет испораки на дрога од пристаништето Сантос кон Русија, што доведе до разоткривање на криминалната група во Бразил и Европа, со седиште во Сао Паоло, се наведува во официјалното соопштение од бразилските власти.