Британски министер сексуално малтретирал секретарка

Министерот за меѓународна трговија Марк Гарние ќе биде под истрага откако се појавија наводи дека од секретарката барал да му купи секс-играчки, јавија британски медиуми.

– Доколку тие наводи се точни, очигледно е дека тоа е неприфатливо, изјави Џереми Хант, министер за здравство на Велика Британија за Би-Би-Си.

Керолин Едмондосон секретарка на Гарние изјави за Мејл дека министерот и дал пари да му купи два вибратора во секс-шоп во 2010 година и оти пред други ја нарекувал со погрдни имиња.

Гарние е женет и татко на три деца и засега не даде изјава за медиуми. Настанот во медиуми се појави откако женскиот персонал како и пратенички во британскиот парламент, направиле група со апликација за допишување за да предупредат колешки за малтретирање.