Челик: Германската блокада ја ослабува Турција во борбата против тероризмот

Одлуката на Германија да го замрзне извозот на оружје за Турција ја ослабува борбата на Анкара против тероризмот и ја прави Европа ранлива, нагласи турскиот министер за европски прашања Омер Челик.

– Германскиот министер за надворешни работи мора сериозно да размисли за тоа што го зборува. Тоа оружје го користиме во борбата против ИД и ПКК, изјави Челик.

Тој во Лондон зборуваше по германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел кој вчера рече дека Берлин суспендирал извоз на оружје за Турција поради влошување на човековите права во таа држава и се покомплицираните односи меѓу НАТО сојузниците.

– Германија мора прашањата за безбедноста и антитероризмот да ги стави вон политички дискурс…Ослабувањето на Турција во борбата против ИД во иднина ќе ја остави Европа ранлива, рече Челик.