ДЕТЕ АПЛИЦИРАШЕ ЗА РАБОТА ВО НАСА: Личел на вонземјанин и сакал да ја чува галаксијата

Деветгодипниот Џек Дејвис аплицираше за работа во НАСА на работна позиција како „чувар на галаксијата“. На неговото писмо, лично одговори директорот на НАСА.

Поради тоа што сестра му велела дека личи на вонземјанин, малиот Џек во своето писмо до НАСА истакна дека смета дека одговара на работата, а покрај тоа ги гледал сите вселенски и вонземјански филмови и одлично играл видео игри.

Неговото писмо стана вистински хит, а тоа го забележале луѓето од НАСА, кои на оваа амбициозна апликација решиле љубезно да одговорат.

– Слушнав дека си „чувар на галаксијата“ и дека си заинтересиран да станеш офицер за планетарна заштита во НАСА. Тоа е супер! Позицијата на офицер на планетарна заштита е многу кул и важна работа. Тоа значи заштита на Земјата од мали микроби што ги носиме како примероци кога се враќаме од Месечината, астероидите и Марс. Исто така, треба да ги заштитуваме другите планети и месечината од нашите бактерии, бидејќи ние сакаме одговорно да го истражуваме сончевиот систем. Секогаш бараме паметни идни научници и инженери за да ни помогнат, така што се надевам дека многу ќе учиш и ќе постигнуваш одличен успех на училиште. Се надеваме дека еден ден ќе те видиме во НАСА! Со почит, Доктор Џејмс Л. Грин – гласел одговорот на директорот на Планетарна научна дивизија.