Џонсон: Лондон се стреми кон дипломатско решавање на кризата со Северна Кореја

Британскиот министер за надворешни работи истакна денеска дека, режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун носи одговорност за „кризата“ меѓу Северна Кореја и САД.

Џонсон увери дека работи заедно со неговите партнери за наоѓање на „дипломатско решение“.

– Севернокорејскиот режим е причината за проблемот и тоа мора да се реши, напиша Џонсон на неговиот Твитер налог.

– Меѓународната заедница е сплотена во стремежот да ја убеди Северна Кореја да ги запре агресивните дејствија, додаде британскиот министер за надворешни работи.

– Работиме заедно со САД и партнерите од регионот со цел да најдеме дипломатски излез од кризата, наведе Џонсон.