Џонсон: Велика Британија останува во Европа и покрај тоа што излегува од ЕУ

Велика Британија останува во Европа и покрај тоа што излегува од Европска унија, изјави синоќа шефот на британската дипломатија Борис Џонсон за време на посетата на Србија.

Тој на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград посочи дека Велика Британија останува пријател со Србија.

– Србија постигнала фантастичен напредок, изјави Џонсон при тоа поздтавувајќи ги „економските и политички успеси“.

Џонсон избегна директен одговор за укинување на визниот режим за српските граѓани, истакнувајќи дека Велика Британија има проблем со мигрантите.

– Ние имаме проблем со миграцијата, но треба да останеме отворени за таленти, истакна Џонсон.