Еквадор од Велика Британија побара сигурен премин за Асанж

Еквадорската Влада од Велика Британија побара на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да му овозможи безбеден премин, за да може тој потоа да добие азил во Јужна Америка.

Претходно денеска британската полиција соопшти дека Асанж ќе биде уапсен веднаш откако ќе излезе од амбасадата на Еквадор во Лондон, без разлика на одлуката на шведското обвинителство да ја отфрли прелиминарната истрага против него заради наводно силување во Шведска, пренесоа британските медиуми.

Џулијан Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадир во Лондон.