ЕУ ѝ даде на Полска еден месец да ги прифати препораките за судството

Европската комисија ѝ даде денеска на Полска рок од еден месец да ги прифати нејзините препораки во врска со загрижувачката реформа на судството.

Со тоа, ЕК засилува притисок врз Варшава поради реформи за кои критичари велат дека го поткопува независноста на судството.

– Доколку полските власти не преземат соодветни мерки, Комисијата би можела да одлучи случајот да го даде на Европскиот суд за правда, се нагласува во соопштение.

ЕК правната постапка против националистичката влада во Полска ја покрена во јули, а денеска соопшти дека Варшава досега не ги решила спорните прашања. Владејачката Партија на право и правда настојува со реформите во судскиот систем да стекне директни овластувања над судовите, а ЕК тој потег го гледа како напад врз независноста на судскиот систем.