Еве која е разликата меѓу двете каталонски знамиња

Учесниците на денешниот собир на противниците на независноста на Каталонија во Барселона носеа две знамиња – шпанското и официјалното каталонско знаме, познато како „сењера“.

„Сењерата“ е знаме се жолта основа на која се наоѓаат четири црвени линии.

Ова знаме се разликува од знамето „Сењера естелада“, кое вообичаено на своите собири го истакнуваат каталонските сепаратисти.

„Сењера естелада“ се разликува од „Сењера“ по тоа што на левата страна на знамето има син триаголник со бела петокрака ѕвезда, која се смета за симбол на независноста.

Шпанското државно знаме, пак, се сосоти од три хоризонтални пруги – црвена, жолта и црвена, при што жолтата е двојно поширока од црвените и на неа се наоѓа грбот на Шпанија.