Габриел: Изборот на Трамп е предупредување за Европа и за Германија

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел ја оквалификува победата на републиканскот кандидат Доналд Трамп како „предупредување за Германија и за Европа“.

– Трамп е пионер на новото авторитативно и шовинистичко меѓународно движење. Тој исто така е предупредување за нас, изјави Габриел во интервју за медиумската група Функе Медиенгрупе.

– Нашата држава и Европа мора да се променат ако сакаме да се бориме против авторитативното меѓународно движење, нагласи тој.

Трамп беше избран за 45 претседател на САД победувајќи ја противкандидатката од демократите, Хилари Клинтон.