ГЕРМАНИЈА: Прва хомосексуална двојка посвои дете во Берлин

Судот во Берлин дозволи прво посвојување на дете во Германија од хомосексуална двојка, соопшти Организацијата за заштита на геј и лезбејските права.

Посвојувањето од двајца мажи е дозволено во јужниот кварт Темпелхоф-Кројцберг.

На 1 октомври во Германија стапи во сила законот „Брак за сите“, со кој се одобрува посвојување од хомосексуални двојки.

Михаел и Кај Корок, кои стапија во брак на 2 октомври, поднеле барање за посвојувале пред неколку месеци. Покрај сите обиди, досега тие не успеале да го посвојат детето (2,5 години), кое од раѓање живеее со нив, кога биле избрани како згрижувачко семејство.

Портпаролот на Асоцијацијата за хомосексуалци во Берлин, Јорг Штајнерт изјави дека ова е голем чекор за сите гејови и лезбејки.

– Ова е доказ дека законот „Брак за сите“ не е само симболичен, додаде тој.

Законот, донесен на 30 јуни, воведе промени во Граѓанскиот кодекс, дефинирајќи го бракот како „доживотен сојуз меѓу двајца од различен или ист пол“.

Германија е 15-та земја од ЕУ која ги легализираше хомосексуалните бракови.