Германија топло честита за победата на Доналд Трамп

Трансатланското партнерство  останува незаменлив столб на германската надворешна политика а Германија е уверена дека претседателот Трамп ќе биде свесен за важноста на партнерството  и ќе го користи како важен инструмент во интерес на американската надворешна политика, е првата реакција на официјален Берлин по изборот на нов американски претседател.

Координаторот за Трансатлански односи во германското министерство за надворешни работи Јирген Харт денеска  му порача на новиот американски претседател дека очекува да продолжат блиските односи во НАТО, јавува дописникот на МИА од Берлин.

„Американскиот народ гласаше. Топло му честитам на победникот на изборите Доналд Трамп. Ове избори означија крај на невидена изборна кампања која што длабоко го подели американското општество. Ново избраниот претседател има голема задача да ја надмине оваа поделба. омирливите тонови на Доналд Трамп во неговиот говор утрово се во вистинска насока. Доналд Трамп отвори прашања во неговата кампања кои што допираат голем дел од американската популација. Тоа мора да биде признато. Му посакувам среќа и благослов во решавање на предизвикувачките задачи кои што се пред него. Дел од тие задачи на пример се блиска соработка со НАТО. Ние подаваме рака на новата американска администрација и се надеваме дека ќе ја надградиме блиската и доверлива соработка од изминатите години“, се вели во соопштението на германското МНР кое е потпишано од страна на Харт.

Координаторот за Трансатлански односи во германското министерство за надворешни работи Јирген Харт инаку висок преставник од партијата ЦДУ на германската канцеларка Меркел,  се надева дека потребата на Европјаните и посебно на Германицте да се има повеќе одговорност и да се има балансираност во низа прашања поврзани со надврешната и безбедносната политика ќе продолжи да расте во мандатот на претседателот Трамп.

Според германското МНР „глобалнииот развој на настаните ќе продолжи да ја поставува агендата на трансатланската соработка во предстојните месеци а тоа вклучува стабилизација на состојбата во Сирија и Ирак, имплементацијата на договорот од Минск во Украина но и во односите со Русија”.