Германската канцеларка Ангела Меркел гласаше на изборите за Бундестаг

Канцеларот на Германија и претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Ангела Меркел гласаше на изборите за Бундестаг заедно со нејзиниот сопруг Јоаким Зауер, на избирачкото место во Берлин, во близина на нејзиниот дом.

Таа ја напушти салата, без да даде изјава, туку само им се насмевна на новинарите и камерманите, објави ТАСС.

Нејзиниот главен опонент, лидерот на социјалдемократите Мартин Шулц гласаше претходно денеска, во родниот град Вурзелен.

Гласачкото ливче веќе го стави во кутијата и лидерот на „Зелените” Џем Јоздемир.

Кандидатите за канцелар од „Алтернатива за Германија” и на Слободната демократска партија одлучиле да не соопштат на медиумите кога ќе гласаат.