Германските националисти повлекуваат антиисламски плакат

Лидерот на германската атниимигрантска партија Алтернатива за Германија, Александар Гауланд изјави дека партијата нема да дистрибуира еден од предизборите плакати, на кој има мало прасенце на ливада, на кој стои напис „Ислам? Не ни одговара на кујната“, бидејќи тој буди големи симпатии кон прасето.

Гауланд, кој е меѓу водечките кандидати на АзГ на парламентарните избори на 24 септември изјави дека плакатот е „неупотреблив“ поради малото прасенце.

– Стравувам дека децата ќе кажат: „Што? Сакаат да го заколат прасенцето“, изјави тој во денешното издание за „Билд“.

АзГ и натаму ќе ги користи другите плакати, вклучувајќи го и тој со две бели жени во костими за капење и напис: „Бурка? Претпочитаме бикини“.