Ѓуленистите на суд ќе се појават во униоформи како во Гвантанамо

Турското Министерство за правда почна подготовки за предлогот на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган осомничените членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен на суд да се појават во униформи како во Гвантенамо.

Ердоган предлогот го најави на церемонијата по повод годишнината од ланскиот неуспешен воен удар.

Турските власти го обвинуваат движењето на Ѓулен, кој живее во доброволен егзил САД, за организирање на пучот на 15 јули минатата година.