Иран бара од Трамп да го почитува Договорот за иранската нуклеарна програма

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска побара од новоизбраниот претседател на САД да го почитува Договорот за нуклеарната програма на Иран, што Техеран го постигна со меѓународната „шесторка“.

– Историскиот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили не може да биде отфрлен еднострано од само една влада, изјави вечерва Рохани за иранската државна телевизија.

Изјавата на Рахони претставува реакција на изборот на Трамп за претседател на САД, имајќи пред вид дека во текот на предизборната кампања тој беше жесток критичар на Договорот за иранската нукеларна програма и највуваше дека доколку победи ќе бара негова измена.

Рохани во изјавата додаде дека САД се ослабени „поради нивните погрешни политики“.

– Изборите во САД покажаа дека земјата боледува и дека нејзината нестабилност ќе продолжи уште долго време, истакна Рохани.