ИРАН: Ограничена примена на смртна каза за трговија со дрога

Иранскиот Парламент усвои денеска законски измени, со ко се ограничува примената на смртната казна во случаи на трговија со дрога, се наведува во соопштение на сајтот на законодавниот дом.

Измените, кои треба да бидат одобрени и од Советот на чувари на Уставот, орган, во кој доминираат конзервативците, би можеле да ги спасат животите на голем број лица осудени на смрт, кои се во исчекување на извршување на пресудите.

Според Амнести интернешл Иран е меѓу петте земји со најголем број егзекуции во светот, повеќето извршувани со бесење за дела за тровија на дрога.

Според новиот закон производството или продавањето хероин, кокаин, амфетамин ќе подлежи на смртна казна за количина од над два килограми, наспроти сегашното решеие, кое предвидуваше егзекуција за количина од над 30 грама. Лимитот за опиум и марихуана ќе се зголеми на до 50 килограми, наместо пет килограми како што беше досега.