Италијанската и германската полиција разбија нелегална мрежна за превоз на мигранти

kriumcharenje-migranti

Италијанската и германската полиција разбија прекугранична мрежа, преку која се извршувал нелегален превоз на мигранти во ЕУ преку балканската рута, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата од италијанскиот град Анкона.

Мрежата била составена од Пакистанци, посочи италијанската полиција.

Деталите ќе бидат соопштени на претстојната прес-конференција.

Заедничката операција беше координирана од страна на италијанските обвинители од Дирекцијата за борба со мафијата и од државното обвинителство во баварскиот град Хоф.