Јункер ќе побара проширување на Еврозната

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се очекува во своето обраќање за „состојбата на Унијата“ да најави проширување на Еврозоната со сите земји-членки на ЕУ, јави ДПА повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Во моментов членки на Еврозоната се само 19 од вкупно 28-те земји на ЕУ.

Според истите извори, Јункер исто така ќе побара и проширување на границите на Шенген зоната, во чии рамки е овозможен слободен проток на луѓе и стоки без гранични контроли.

Сега членки на Шенген зоната се сите држави од ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Ирска. сп/10:00