Кина спојува државни медиуми во силен финансиски сервис

TOPSHOT - A wearing a face mask visits a park near the Forbidden City during heavy smog in Beijing on November 4, 2016. / AFP / WANG ZHAO        (Photo credit should read WANG ZHAO/AFP/Getty Images)

Кина има намера да обедини пет државни медиумски куќи и да направи „модерна медиумска група за финансиски вести“. Со тоа би се зајакнал гласот на државата во медиумското следење економски и финансиски информации, јави Синхуа.

Кинеската влада дала дозвола Синхуа да ги преземе медиумските компании Чајна Секјурити Џорнал, Шангај Секјурити Њуз, Економик Информејшн Дејли, Синхуа Паблишинг Груп, и да основа нова компанија под име – Чајна Форчен Медиа Корпорејшн Груп.

Потегот е со цел „продлабочување на реформите на централните власти во секторот култура“ и „јакнење на влијанието на мејнстрим медиумите во областа на финансиските информации“, се вели во соопштение на Синхуа.

Новата медиумска компанија ќе биде фокусирана на финансиски вести и ќе биде основана следната недела во Пекинг.