Клинтон и Трамп во изборната ноќ ќе бидат во Њујорк, градот со засилени безбедносни мерки

Додека Њујорк се подготвува да ги пречека двајцата претседателски кандидати за неизвесната изборна ноќ, градските власти и полицијата се подготвуваат да ја заштитат нивната безбедност, наведува „Гласот на Америка“.

Покрај вообичаените турканици, самиот град сега врие и од маратонци, нивната публика и претставници на изборните штабови, а сето тоа се случува во момент кога разузнавачките агенции, врз основа на следење на комуникаците на осомничените терористи, верува дека постои можност од напади на Ал Каеда, наведува „Гласот на Америка“.

Приврзаниците на Хилари Клинтон во Њујорк ја користат и последната шанса за телефонски повици и испраќање СМС пораки до демократите во пресвртните држави. Додека некои анкети покажуваат дека републиканецот Доналд Трамп ја пристигнува Клинтон, во тек е трката да се дојде до избирачите.

– Навистина се наликува на трескавична трка, вели Мајк Еванс, приврзаник на Клинтон.

Маратонците во Њујорк минаа низ целта, чувани од илјадници полицајци.

Американските разузнавачи наведуваат дека забележале терористички комуникации за можен напад пред или на денот на изборите во Вирџинија, Тексас или државата Њјорк. Заканата не била посебно конкретна, но властите во Њујорк – секогаш во состојба на подготвеност – сериозно ја сфатиле.

Терористичката закана особено е значајна за градот Њујорк, бидејќи двајцата претседателски кандидати во него ќе ја минат изборната ноќ заедно со своите приврзаници.

Клинтон ќе биде во конвенцискиот центар со стаклен таван и ѕидови, а Трамп во својот хотел неколку блокови од куќата, во таканаречената кула Трамп.