Косово остана без 15 милони евра од ММФ

Поради застојот во формирањето на новите институции, по предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на 11 јуни, Приштина трпи огромни штети.

Косово загуби 15 милони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бидејќи договорот за кредит, предвиден да се потпише во јуни, пропадна поради предвремените избори.

Постојаниот претставник на мисијата на ММФ за Косово, Руд Вермулен, за „Коха визион“, изјави дека планираниот кредит за Косово изминал, бидејќи во тој период се одржувале изборите, а државата била без Влада.

Првиот човек на американската стопанска комора Ариан Зека, смета дека пропаѓањето на овој договор ќе ја оневозможи реализацијата на многу проекти предвидени со овој кредит.

Косово постигна економски договор со ММФ во 2015 година. Неговата вредност беше околу 185 милони евра за рок од 22 месеци. Рокот истече на 4 август.

Имено, Косово од 2009 година е дел од овој Фонд.