Лажни вести се појавија и за ураганот Ирма

На социјалните мрежи се појавија голем број неточни информации за ураганот Ирма, кој вчера го погоди брегот на САД.

Се почна минатата недела со обајвување на лажна мапа за движењето на ураганот, а продолжи со лажни снимки и фотографии од поплавени делови на Мајами, аеродромот до фотомонтажа на која ајкули пливаат по улици.

Ден Сковино, еден претставниците за односи за јавност на Белата куќа објави твит со снимки и фотографии од поплавен аеродром во Мајами. Аеродромот го демантираше Сковино, наведувајќи дека фотографијата е стара неколку недели.

Сковино по демантот го повлече твитот.

Уште една снимка објавена на Твитер на која се гледа како паѓа кран врз зграда во Мајами е невистинита. Снимката исто така е стара неколку недели и е поврзана со тајфунот Хато.

Видеото и фотографиите од центарот на Мајами не се во целост точни.

Всушност на нив е прикажана реката Мајами, а не поплавени улици.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои се гледа како океанот „го проголтува“ целиот град.

На Фејсбук повеќе од еден милион споделувања имаа советите за безбедност во случај на ураган. Еден од советите беше најважните работи да се стават во машина перење садови, бидејќи таа е водоотпорна. Еден од производителите на машините за перење садови ги демнатираше таквите тврдења.

На интернет беше обвјавена наводна снимка од ударот на Ирма на Карибите. Но, снимката е стара најмалку една година.

Неколку милиони прегледи имаше и видеото од наводно емитување во живо, на кое се гледа како луѓето се обидуваат да извлечат патници од превртен автобус. Но, видеото не е снимено за време на ураганот Ирма.

Снимката на која е прикажан ураганот Ирма како поминува над островот Барбуда е од 2014 година.

Националната метеоролошка служба на САД на 1. септември ги предупреди граѓаните да внимаваат, бидејќи се појавиле и лажни прогнози. Тогаш се појави мапа на која се тврдеше дека Ирма откако ќе помине низ Мексико и ќе го погоди Хјустон.

Една од најпопуларните фотомонтажи е ајкула која плива низ поплавените улици на Мајами. Речиси е сигурно дека е фотомонтажа, бидејќи сличен твит беше објавен и за време на ураганот Харви. ми/20:46