Мануел Валс: – Да, тероризмот повторно ќе не погоди, но Европа ќе го победи

Европа „ќе го победиме исламскиот тероризам”, иако таа ќе биде повторно погодена, вели Мануел Валс во текстот објавен во неколку европски весници, по повод годишнината од нападите од 13 ноември во Париз, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Една година подоцна, ги гледам прашањата кои ги поставуваат нашите општества. Тие се загрижени. Им ја должиме вистината. Да, тероризмот повторно ќе не нападне. Но, да, ние имаме ресурси за да се спротивставиме и сите сили за да го победиме. Ние, Европејците, ќе го победиме исламистичкиот терориза “, вели францускиот премиер во написот објавен во Ел Паис, Ла република, Гардијан, Ле Суар Ла Трибун де Женев и и Ди Велт.

Забележувајќи дека „заканата е тука, тешка, постојана” а судејќи според тоа, таа се однесува во различен степен, на сите земји од Европа”, Валс повика повторно европските земји да си подадат рака за нивна безбедност. „Ова уште повеќе, бидејќи САД се помалку се вклучени во светските прашања. Европа не може да се ослободи од својата одговорност и да се крие зад својот американски сојузник”, вели тој.

Премиерот, кој, исто така, даде интервју за Би-Би-Си кое ќе се емитува во недела и понеделник, ја искористи оваа можност за да ги повтори главните линии на својот говор околу тероризмот (потребните напори за одбрана, подобра заштита на надворешните граници … ). Тој ги поддржува новите предлози на Брисел за да се создаде една  европска Esta”, наречена според документот за секој влез во САД.

Мануел Валс, исто така, им се обрати на семејствата на жртвите. „Не поминува ниту ден без да помислам на 130-те жртви на 13-ти ноември, стотиците повредени, и сите други жртви на тероризмот и нивните семејства. Утре, Франција, обединети во сеќавањето, ќе им оддаде почит” пишува Валс.