Милијардери кои станаа политичари

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп може да стане првиот американски претседател кој никогаш претходно не бил на избрaна функција или на друга висока функција во владата или во армијата. Ако тој ја освои Белата Куќа ќе стане првиот бизнисмен милијардер во Америка што ќе стане претседател и ќе ги следи стапките на други магнати низ светот кои исто така „скокнаа“ во политиката.

Американците избирале претседатели со искуство во бизнисот и во минатото. Џорџ буш на пример беше на чело на нафтена компанија, а Херберт Хувер беше извршен директор во рударството. Меѓутоа, сите овие претседатели влегоа во политика уште пред да се кандидираат за највисоката фунција на државата. Еве еден поглед врз некои од милијардерите кои што преминаа од бизнисот во политиката:

СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ, ИТАЛИЈА

Силвио Берлускони беше главен лик на италијанската политика две децении, но неговото време во кабинетот често беше поврзано со скандали. Трамп го споредувале со дрскиот Берлускони повеќе од со било кој друг светски лидер. И двајцата се контроверзни и сакаат да се фалат со нивниот раскошен начин на живеење. И двајцата кариерата ја започнуваат во областа на недвижниот имот, но нивната репутација ја изградија во светот на медиумите.

Берлускони стана синоним за скандали. Беше осуден за бројни кривични дела, вклучувајќи даночни измами и сексуални односи со малолетна проститутка, иако второто осудување беше поништено од Апелациониот суд.

ПЕТРО ПОРОШЕНКО, УКРАИНА

Транзицијата на Петро Порошенко од бизнисмен на политички лидер има предупредувачки знаци за финансиска иднина на Трамп, бидејќи нето вредноста на богатството на украинскиот лидер по преземањето на функцијата значително се намали. Познат по името „Кралот на чоколадото”, Порошенко го направи своето богатство во кондиторската индустрија. Сега тој е клучен западен партнер во обидот за решавање на жестокиот судир помеѓу Украина и Русија.

Порошенко беше избран за претседател во 2014 година, по народното востание, кое доведе до соборувањето на Украинскиот проруски лидер. Бизнисменот милијардер се постави како пријател на Европа и САД, редовно зборува и се среќава со претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден.

ТАКСИН ШИНАВАТРА, ТАЈЛАНД

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра беше соборен со пуч во 2006 година. За време на неговиот мандат, влечеше поддршка од посиромашните гласачи кои го поддржаа во неговите популистички програми. Неговото богатството придонесе за неговата политичка пропаст. Тој се соочи со обвиненија за корупција откога неговото семејство продаде компанија за 1,9 милијарди долари за да избегнат плаќање на данок на продажба што резултираше со година политички немири во Тајланд и заврши со пуч.

Иако е во егзил за неколку години, тој останува вклучен во државната политика.  Претходно оваа година, тој го искажа својот став за американските избори, изјавувајќи дека постојат „некои сличности” меѓу него и Трамп. Според Таксин Шинаватра, кога успешни бизнисмени доаѓаат во политиката, тие им даваат свеж воздух на политичките кампањи.

СЕБАСТИЈАН ПИЊЕРА, ЧИЛЕ

Чиле имаше солиден економски раст во текот на четиригодишниот мандат на Себастијан Пињера, но самиот претседател беше непопуларен. Тој имаше акции во најголемата државна авиокомпанија, телевизиска станица и популарниот фудбалски тим Коло-Коло.

Свртувајќи се кон политиката, Пињера имаше кампања во приватниот сектор и стана првиот конзервативец кој го водеше Чиле откако заврши воената власт во 1990 година. Меѓутоа, неговото претседателство започна со несреќен почеток – голем земјотрес ја спречи неговата инаугурација во 2010 година. Уставот на Чиле им забранува на претседателите два последователни мандати, па Пињера има право да се кандидира повторно во 2018 година.

Интересно е тоа што Пињера минатата есен, изјави дека републиканецот Трамп ќе биде лидер кој што ќе разделува и дека неговиот избор ќе биде „трагедија”.

Александар Арсовски