Мразот на Арктикот на најниско ниво во последните 38 години

Светската метеоролшка организација соопшти денеска дека нивото на мразот на Арктикот е на најниско ниво во последните 38 години по појавата на глобалното затоплување.

– Зголемувањето на глобалните температури не престанува, поради што на Арктикот е регистрирано исклучително топло време и рекорно ниски количества на мраз за овој период од годината, се наведува во соопштението на Светската метеоролшка организација.

Просечниот опсег на мразот минатиот месец изнесувал 13,38 милиони километри квадратни, што е околу 260.000 километри квадратни помалку од минатата година.