Нафтата поевтини и берзански индекси опаднаа поради загриженоста од победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД

Нафтата поевтини денеска на азиските берзи поради стравувањето на инвеститорите од првите резултати на изборите во САД, кои укажуваат на предност на Доналд Трамп пред Хилари Клинтон.

Изутринава барел сурова нафта за испорака во декември поевтини за 1,67 долари и дојде до 43,31 долари на електронските берзи во Азија.

Нафтата марка Брент за испорака во јануари поевтини за 1,46 долари на 44,58 долари.

– Берзанските флуктуации ќе се големи денеска, бидејќи пазарите изгледаат премногу нестабилни поради спротивставените сигнали од првите резултати на изборите, рече берзански аналитичар, пренесува БТА.

Мексиканското песо поевтини за речиси 10 отсто во однос на доларот, утрово на берзите во Азија – од 19,86 на 18,34 пезоси за долар.