Најмалку три лица загинаа откако во Бразил се преврте траект

Најмалку три лица загинаа во Бразил откако се преврте траект со капацитет од 100 патници, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во заливот Мар Гранде, близу до Вера Криз, во североисточниот дел на Баија.

Бразилскиот сајт „Глобо“ наведе дека е потврдена смртта на три лица, а 21 лице се спасени, додека сајтот „Баија нотисас“ пишува дека пет лица го изгибиле животот во несреќата.

Се уште не е познато колку лица загинале, а локалните пожарникарски и спасувачки служби работат на терен.