Налози за апсење на 55 пилоти во Турција

Турските власти издадоа налози за апсење на 55 пилоти во рамките на истрагата против организација на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен (ФЕТО), која Турција за смета за терористичка, јави турската НТВ.

Главното обвинителство во централниот град Коња издаде налози за апсење во осум турски окрузи. Полициските екипи презедоа синхронизирани акции за пронаоѓање на осомничените.

Според турските власти, групата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Ѓулен стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули.